Perdormire
Култура

НИЗ УЛИЦИТЕ НА СТРУМИЦА СО БОЖИЌНАТА ПЕСНА „ВЕЧНИОТ БОГ“ ЌЕ СЕ НАЈАВИ ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ!

СООПШТЕНИЕ
СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА
СО БЛАГОСЛОВ НА МИТРОПОЛИТОТ СТРУМИЧКИ НАУМ
Ги известува своите верници, особено децата, дека организира Божиќна литија.
Ги покануваме сите деца од нашиот град, да земат учество во Божиќната литија, која повторно и традиционално ќе се одржи на Бадник. Пеејќи ја божиќната песна “Вечниот Бог” децата ќе станат гласници на радосната вест за Христовото раѓање низ улиците на Струмица. За таа цел Божиќниот хор се подготвува и може да се вклучат сите заинтересирани деца. Пробите се одржуваат во храмот Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици од 17.30 часот, секоја среда.