Perdormire
Култура

НАСТАН: БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ 2018-ВРВ ТУМБА 1881м – БЕЛАСИЦА!

Планинарски Клуб ЕНТУЗИЈАСТ Струмица ќе ја организира по осумнаесети пат меѓународната традиционална планинарска средба БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ на планината БЕЛАСИЦА Врвот ТУМБА 1881 м.
Средбата ќе биде на ден 19.08.2018 г. (Недела) на тромеѓето (Македонија,Бугарија,Грција) на планината БЕЛАСИЦА Врвот ТУМБА 1881 м. каде ќе бидат присутни планинари-љубители на природата од Македонија,Бугарија и Грција.
Ве покануваме на присуство:

ПРОГРАМА :

Сабота 18.08.2018 г.

1. Тргнување од с. Смоларе во 10 00 ч кон планинарскиот дом Шарена Чешма 1300 м.
2. Посета на Смоларски водопад најголем во Македонија.
3. Пристигнување на Шарена Чешма 1300 м. 13-14 ч.
4. Ручек од 14 до 15 ч. обезбеден од организаторот.
5. Прошетка од 16 до 20 ч. – искачување до ,,Ѕвездениот Врв” 1877 м.
6. Планинарски оган и забава.Спиење во шатори.(Секој да си понесе), и во планинарски дом Шарена Чешма.

Недела 19.08.2018 г.

1. Тргнување во 6 00 ч. од планинарскиот дом Шарена Чешма 1300 м. – пристигнување на врвот ТУМБА 09 00 ч./ тромеѓе (Македонија,Бугарија,Грција)
2. Средбата БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ од 9 00 ч. до 12 00 ч.
3. Тргнување од ТУМБА 12 00 ч. кон П.Д. Шарена Чешма
4. Ручек од 15 00 ч. до 16 00 ч. обезбеден од организаторот.
5. Тргнување од Шарена Чешма во 16 00 ч. пристигнување во 18 00 ч. во с. Смолари.

Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствената психо-физичка кондиција.Секој учесник може да си купи мајца 150 ден.
Секој учесник задолжително да си понесе прибор за јадење и шатор за спиење,превоз на шатори и ранци до планинарскиот дом Шарена Чешма е обезбедено од организаторот.
Сите информации можете да ги добиете кај следниве лица.
075 848 402 Пепи
070 791 954 Дејан
070 535 688 Васко
070 200 848 Коле