НАЌЕ ЧУЛЕВ ЌЕ ГИ НАГРАДИ ХЕРОИТЕ: Предложи награда од 15.000 денари за вработените во МВР!

мај 20, 2020

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, ќе достави предлог до Владата за награда од 15.000 денари за сите вработени во МВР.

НАЌЕ ЧУЛЕВ:
❗ Благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата од КОВИД-19!

☑️ Денес потпишав и до Владата ќе доставам уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив.

✔️ Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот.

🤝 Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ