Напоменуваме дека овој хороскоп е направен се со цел да ги расположи и насмее читателите. Во наредната објавата ќе биде обработен и неделен хороскоп на струмички дијалект за жени.
– Овен
Доста се мисли, отвори тај новчанико и купи ги веќе тии штикли еднач шо ги меркаш две недели. Маж как маж ќе преговоре два-три збора ќе му помине. Ѕвездите ти го покажуват пато накај Глобал.
– Бик
Прекини да го јадаш маж ти оти ујдел после работа на по едно пивце со колегите. Ости тај човек да дише малко.
– Близнаци
Големата ѕвезда вика оти немаш веќе потреба од диета. Фати од утре да си апнуваш шо ти сака душа оти имаш душа не круша.
– Рак
Ако децата у теко на таа недела те носаа до рабо на нервен слом и те враќаа назад да знааш оти толко е, ќе престанат ич да не се сеќираш.
– Лав
Не срцка, твојта свекрва нема да престане да се меше како ваѓета у манџата. На тебе е само да го почекаш да дојде маж ти и одма фино љепо да си га наклеветаш.
– Девица
Таа недеља куќата ќе те е хаос, госте од сегде ќе ти идат. Ама еден од тии гостине ќе ти донесе ного убави вести и ти ного ќе се радуваш на тава.
– Вага
За тии шо се земале плата таа недела ич да не се мислат да га уложат у нешто, секак ќе га дуплират. А за тии шо не се земале оште плата, нек пробат за некоо маленка сумичка на тии игрите на среќа, секак добиват. Шо значе, секак имате нафака.
– Шкорпија
Абе душо, за тебе ќе нема лош ден таа недела. Од убави-поубави работи ќе ти се дешават. Само треба повеќе да почнаш да уживаш у љубовта, шо си се стегнала со таа работа? Има време за сичко, уживи малко.
– Стрелец
Таа твојта кумшика душманката ќе проба пак да те провоцире. Нем как претходнио пат со тавата да га гонаш низ улиците, саа само кроткичко…Облечи некој црвени штикли, ташната под раката, некој убав фустан и прати и бацоче. Одаме јако!
– Јарец
Не знам шо ќе се праа со тебе. Ного си мека бе злато, на сите попушташ. Абе р’жни малко, шо се прааш таква? Таа недела те е пресудната недела у коо што ного работи ќе ти се сменат у живото.
– Водолија
Охоо, Џенан у петок иде у Струмица…Мора да се појаваш там, едно типче утепа се питајќи за тебе дали ќе си одила. Веруви, нема да се каааш!
– Риби
Как и секојпат, ти как рибите ќе пливаш и уживаш и нема да се замараш за ништо. Абе вонземјански брод да те нападне на тебе лед нема да те леде.