strumica denes logo

МВР: Македонските возачки дозволи наскоро ќе важат во Германија

Автор:

Датум:

мај 27, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 27, 2018

Категории:

Култура

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретнал со г. Александар Бузлески и г.Александар Камберовски, преставници на Иницијативниот одбор за признавање на македонските возачки дозволи во Сојузна Република Германија, соопштува МВР.

На средбата, претставниците го информирале министерот дека преку онлајн иницијативата се собрани 42 илјади потписи кои иницијативниот одбор ги добил како поддршка на нивната иницијатива за признавање на македонските возачки дозволи.

Тие го потенцирале значењето на регулирањето на ова прашање, особено што во СР Германија живеат и работат голем број на македонски државјани за кои ова би претставувало значително олеснување.

Министерот Спасовски се заблагодарил на интересот и поддршката и истовремено ги информирал преставниците дека процедурата за потпишување на Договорот за взаемно признавање на возачките дозволи е во завршна фаза, поточно дека текстот на договорот е усогласен помеѓу двете страни и формални пречки за негово потпишување не постојат.

Во моментот се очекува одредување на датум за негово потпишување, за што министерот Спасовски изразил верување дека ќе биде наскоро.