Мотоклубовите во Струмица во кампања за безбедност на патиштата

јули 22, 2018

Немањето или пак неносењето кацига е само еден од најчестите прекршоци кои ги прават возачите на мотори и мотоцикли. Голем е бројот  и на возачи кои управуваат мотори пред да се стекнат со право за управување, а често се возат  и нерегистрирани возила . Со цел да се едуцираат за потребните правила и прописи, но и да се зголеми свеста за нивната  и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот струмичката полиција започна со акциски , пред се едукативни контроли  посебно наменети за возачите со мотори .

,, Апелираме до родителите на децата кои веќе  се имаат стекнато со право на управување со мотоцикли да се придржуваат према сообраќајните правила и прописи. Задолжително да носат заштитен шлем  заради нивна лична безбедност. Советуваме и предупредуваме дека во иднина ќе бидат зачестени контролите над возачите на моцикли низ градот и ќе бидат преземени мерки согласно законот.,, вели Тони Божинов, СВР – Струмица

Во акцијата заедно со полицијата се вклучија мото клубот Авантура тим кои преку личните искуства дадоа придонес во екдукацијата на возачите, а посебен акцент ставија на помладите ученци во сообраќајот за кои обезбедија и неколку кациги.

,, Апелираме до сите помлади шофери, односно возачи на мотоцикли да носат кациги бидејќи како што гледаме многу од младите луѓе не ги користат кацигите. Затоа нашиот клуб во организација со МВР сакавме даизлеземе  на терен и да придонесеме да се развивањето на  мото културата во нашиот град.,, рече Благој Кушовски – мото клуб Авантура тим

Од СВР Струмица најавуваат зачестени контроли , но и санкции. Казните за возачите на мотори и мотоцикли  кои не ги почитуваат правилата и прописите се движат од од 50 до 500 евра во зависнот од прекршокот.Сакции и казни ќе има и за мотоциклиситите кои прават  силна врева во доцните ноќни часови. За овој вид прекршок паричната казна изнесува 400 евра.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ