Perdormire
Култура

МОЛИТВА НА БОЛЕН КОН ГОСПОДА!

Home

Господи Исусе Христе, Спасителу наш, Ти слезе на земјата од преголема љубов за да ги спасиш грешниците; Ти co Твојата милостива рака ги излекува болестите и слабостите на сите што ја побараа Твојата помош, им го врати здравјето и им подари нов живот.

Премилостив наш Господи, преголемо е Твоето човекољубие. Затоа и јас го упатувам моето срце кон Тебе и co смирение Ти се молам да ми помогнеш и да ми го вратиш здравјето. Знам, Господи, дека не секогаш сум Ти бил благодарен за тоа. Често Те заборавав и бев негрижлив за овој преголем Твој дар.

Ho, Ти, Господи, презри го безумието мое. Умножи ја Твојата добрина и не по заслуги, ами поради милост, крени ме од постелата на страдањата и маката, а јас ќе ја прославувам Твојата чудна сила и ќе го исполнувам Твојот свет закон, во сите денови од мојот живот.

Помогни ми да ги истрпам болките. смилувај се на мене немокниот, не дозволувај моето срце да се огорчи или во мојата душа да се всели смут или бунтување.

Дојди, Господи, при мене, згасни го огнот што ме измачува, подигни ме за да тргнам по Тебе и да бидам жив, сега и во вечноста. Амин!