Perdormire
Култура

МОЛЕБЕН ЧИН ВО „СВ. 15 ТИВЕРИОПОЛСКИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ“ ЗА ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА!

Возљубени во Христа; со благослов на Високопреосветениот Митрополит Струмички г.Наум; Ве известуваме дека на 31.08.2018 (Петок) во Црквата на „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” ќе се отслужи молебен за благословување на новата учебна година со почеток од 17 часот.

Ги покануваме сите ученици, студенти, и просветни работници заеднички да ги упатиме своите молитви кон Бог за да се испрати на сите ученици, дух на премудрост и разум, за да им бидат отворени умот и устата, и да им се просветат нивните срца за усвојување на поуките од добрите науки.