МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ НА СОУ „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ЧАСОВИТЕ ПО ПРАКТИЧНА НАСТАВА ГИ РЕАЛИЗИРАА ВО ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО НЕГОРЦИ!

февруари 25, 2019

Учениците од III-9, здравствена стука, образовен профил медицински сестри заедно со професорката Емилија Котеска, часовите по практична настава ги реализираа во Психијатриската болница Негорци. За време на оваа посета учениците учествуваа во подготовка на болните за утринска визита, мереа крвен притисок, пулс и температура. Исто така имаа можност да поразговараат со болните за причините за нивното лекување во оваа установа како и да се запознаат со тоа што е работна и окупациона терапија и да ги видат изработките од страна на пациентите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: