МАСОВНО ПОДДРЖАН ПРЕДЛОГ: ЈАВНА ДЕБАТА КАКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРАДОТ

јули 14, 2019
Pros and cons. Active people at gathering to decide advantages, disadvantages, ideas for and against, positive and negative arguments, holding yes, no signs. Vector illustration, faceless characters

Како и граѓаните во секоја друга општина, така и граѓаните во општина Струмица секојдневно се соочуваат со одредени проблеми кои можат да бидат решени ако стигнат до „ушите“ на надлежните институции.

Моќта на медиумите во запознавањето на јавноста и надлежните со даден проблем е огромна. Доказ за тоа е фактот дека преку рубриката „Пријави проблем“ на нашиот портал досега беа пријавени голем број проблеми на струмичани и граѓаните од соседните три општини.

Голем број од струмичани се истомисленици во ставот дека индиректниот пристап функционира, но сепак, не доволно ефикасно. Проблемот може да се пренесува од една до друга институција, долго време се бараат надлежните за негово решавање, а во голем дел од случаите, локалните власти не се ни запознати со соодветниот проблем за да можат да преминат на негово решавање.

Поради тоа, се’ повеќе граѓани апелираат да се организираат јавни дебати меѓу претставници од локалната самоуправа и претставници од граѓаните, на кои отворено ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од одделни делови на градот или селата. На ваков начин, проблемите со неасфалтираните улици, лошото осветлување или разочарувачкиот квалитет на водата многу побрзо и полесно би се надминале, зошто локалната власт директно би била алармирана за конкретната состојба.

„Предлагам поширока јавна дебата воопшто за звучното и секое друго загадување во градот, како и неспособноста на одредени поединци да се социјализираат во градските средини. Генерално ни недостасува поширока дебата за тоа во каков град сакаме да живееме!“  – стои во коментарот на еден од читателите кои ја поддржува оваа иницијатива.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: