„Можеби сега ѓаволот гори, можеби Господ тоа за добро го стори“ – 12 годишен струмичанец напиша песна која ќе ве расплака сите!

ноември 3, 2018

12 годишниот Стојан Атанасов кој во моментот е ученик во ОУ „Никола Вапцаров“-Струмица напиша песна со наслов „Си велам“ која е инспирирана од вистинска случка кога пред околу две месеци домот на Стојан го зафати голем пожар и поголем дел од куќата изгоре. Но, за среќа никој од неговата фамилија не беше повреден. „Можеби сега ѓаволот гори, можеби Господ тоа за добро го стори“ – напиша Стојан на крајот од неговата песна. Во продолжение прочитете ги стиховите, браво Стојан, тимот на Струмица Денес ти посакува многу успеси во иднина!

Си велам

Во себе си велам брат, остарев млад.

Уште една траума тешка

патеката моја станува жешка.

Во себе си велам дете сум сеуште јас,

дали може ако не ви сметам да се искажам на вас…

Обичен ден пред моето маало седам

пред мене пожарна зачудено гледам.

Два чекори напред куќата моја гори

моето семејство со смрта се бори.

Кај мене удрило гром,

паѓам на земја се молам на бога да е ова само лош сон.

Паѓам се губам самиот себе

Фамилијо моја нејќам да те изгубам тебе.

Ја гушкам мајка ми мириса на чад

а татко ми издржал голем пад.

Со солзи ги гледам

безпомошен на столица со икона седам.

Можеби така требало да биде

јас сакам само мојата фамилија добро да биде.

Можеби сега ѓаволот гори

можеби господ тоа за добро го стори.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ