(ФОТОГАЛЕРИЈА) НАЈДОБРОТО ВО ГРАДОТ: СТРУМИЧАНИ СЕ’ ПОВЕЌЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“

јануари 31, 2019

Веќе долги години наназад, незаменливата книжарница на „Просветно дело“ во Струмица ги обезбедува струмичани со најпотребните и најквалитетните материјали кои им се потребни за нивните деца па дури и за повозразните. „Просветно дело“ се наоѓа на две локации во Струмица, едната се наоѓа веднаш наспроти дисконт „Тинекс“ а другата во близина на струмичкиот парк или поточно на улицата ул. „Ленинова“ бр 29. Во книжарниците на „Просветно дело“ во Струмица може да ја пронајдете вашата омилена книга, училишен прибор, канцелариски материјали и опрема и списанија за деца. Струмичани често знаат да ја пофалат љубезноста и професионалноста со кои ги дочекуваат вработените нивните клиенти во книжарниците, па затоа тоа е уште еден доказ дека „Просветно дело“ секојдневно се пробива се повеќе и повеќе на пазарот.

Инаку, Просветно дело како компанија е формирана на 16 април 1945 година, врз основа на Решението на Президиумот на АСНОМ, од 31 март 1945 година, со задача да печати и издава книги, списанија и публикации со научна, културна и уметничка содржина, како и учебници за основно и средно образование. Првиот буквар на македонски јазик, а нешто подоцна и првиот правопис и првата граматика на македонски јазик, се изданија на Просветно дело. Просветно дело ги има издадено и првиот буквар на албански и на турски јазик. Со ова беа удрени темелите за афирмација на македонскиот литературен јазик. Определбата беше Просветно дело да се специјализира и да се усовршува, пред се, за издавање на учебници, лектири и списанија. . Просветно дело е приватно претпријатие кое е современо конципирано, со многубројни соработници во земјата и надвор од неа. Воспоставена е соработка со реномирани европски и светски издавачки куќи на полето на копродукцијата и белетристиката (романите). Во рамките на Просветно дело работи и Редакцијата Детска радост која е специјализирана за издавање на детски списанија и тинејџерска литература.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: