ЛЕТЕН МУЗИЧКИ КАМП-СТРУМИЦА ОД 23 ДО 27 АВГУСТ!

август 22, 2018

Од 23 до 27.08.2018 година традиционално во НУКЦ”Антон Панов”,Струмица се одржува ЛЕТЕН МУЗИЧКИ КАМП-СТРУМИЦА 2018 за млади музичари на дувачки инструменти хорна, флејта и камерна музика.Оваа година е осмото по ред на Летниот Музички Камп на кој учевство ќе земаат околу 45 учесници од Македонија,Србија,Црна Гора,Бугарија и Хрватска…
Ментор на Летниот Музички Камп се еминентни професори од Факултетот за Музичка Уметност во Скопје-Проф.М-р Александар Гошев-хорна и Проф.М-р Страшо Темков-флејта.
Летниот Музички Камп започнува на:
-23.08.2018 година со свечено отварање во 21:00 часот во фоајето на Домот на Културата”Антон Панов”во Струмица;
-24.08.2018 година во истиот простор ќе се одржи концертот со назив”КОНЦЕРТ ОД НАЈМЛАДИТЕ”.
На концертот учевство ќе завземат деца по хармоника,виолина,гитара,народни инструменти,хорна,кларинет и вокали од односно популарна музика.
-25.08.2018 година концерт на класата по хорна наречен “МОЦАРТОВА ВЕЧЕР”
-26.08.2018 година концерт на класата по флејта,а класата по хорна ќе одржи концерт во Дојран.
-27.08.2018 година е завршниот концерт на сите учесници од сите класи.
-Сите концерти вклучувајќи и свеченото отварање започнуваат од 21:00 часот.
Летниот Музички Камп е подржан од Министерството за Култура на Р.Македонија.
Летниот Музички Камп својата работа ја изведува во просториите на НУКЦ”АНТОН ПАНОВ”,СТРУМИЦА и во просториите на Основното Музичко Училиште “БОРО ЏОНИ”,СТРУМИЦА.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: