КРИМИНАЛНИ БАНДИ СО УЦЕНИ ПАЛАТ АВТОМОБИЛИ НИЗ ДРЖАВАТА – ЕДЕН СЛУЧАЈ ПРИЈАВЕН ВО СТРУМИЦА!

август 17, 2018

BMW марка автомобил е последниот случај на запален автомобил кои ги регистрира полицијата. Навремената реакција на сопствениците спречила штета од огромни размери. Автомобилот е опожарен вчера во раните утрински часови на паркинг на булеварот АСНОМ во Скопје. Сопственикот кој не сакаше да зборува пред камера за Сител вели дека случајно го забележал огнот  и веднаш повикал противпожарна бригада. Според него сторителите се обиделе да предизвикаат поголема експлозија бидејќи запаливата материја ја подметнале токму кај резервоарот за гориво.  Тој  се сомнева дека се работи за  изнуда а за сомнежот ја информирал и полицијата.

Овој сопственик како и останатите се жртви на криминална структура која во последниот период  e se poaktivna. Автомобилот vo Скопје не единствен истата ноќ bilo опожарено возило БМВ и во Велес со штипски регистарски таблички. На мета на криминалните банди најчесто се бизнисмени, високопозиионирани функционери во јавната админатрација.

Ваков случај е регистриран и во Струмица. Но, за среќа и за разлика од останатите градови каде се пријавени повеќе случаи, во Струмица има само еден.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ