Креацијата „Чекор напред“ на СОУ „Јане Сандански“ претставена на Trash Fashion во Скопје

мај 27, 2019

Во четвртокот во Скопје се одржа традиционалниот настан „Trash Fashion“, организиран од Младинскиот Културен Центар, со поддршка од ЕУ за Тебе, ОХО и Министерството за образование. На настанот ученици изработуваат облека користејќи се со отпадни материјали, и истите се вреднуваат по различни критериуми.

СОУ „Јане Сандански“ годинава учествуваше со креацијата „Чекор напред“, работена под менторство на професорката Анита Станковска. Моделот кој се појави со креацијата беше нашата ученичка Лилјана Иванова, а во нејзиниот тим учествуваа и ученичките Ива Макенаџиева и Гонце Бактерлиева.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ