КОНЦЕРТ НА „ДУО СКУПИ“ ВО СТРУМИЦА

септември 19, 2018

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица денеска (19 септември) со почеток во 19:30 часот концерт ќе одржи „Дуо Скупи“ составено од Јета Старова-Мехмети (флејта) и Ермаљ Мехмети (виолина) …

На програмата се дела од македонската изворна песна, и тоа: „Со маки сум се родил јас“, „Не си го продавај, Кољо, чифлигот“, „Се посврши сербез Донка“, „Дафино вино црвено“, но и комозиции од албанската музичка традиција, како: „Një lule“, „Burimet“ и други.

„Дуо Скупи“ постои од 2006 година, а има настапувано на многубројни фестивали во земјава, но и на сцените во Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и во САД. Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: