„Комуналец“ почна санација на урбаната опрема во паркот во Струмица

август 3, 2018

Одделението „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во Струмица денеска почна со акција за санација на урбаната опрема во Градскиот парк.

Се санираат клупите за седење, но и опремата во детските иралишта во паркот.

Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните да ја чуваат и да се грижат за обновената урбана опрема и детските игралишта, за да може да останат во употреблива состојба.

Инаку, од почетокот на годината се евидентирани повеќе уништувања на урбаната опрема во центарот на Струмица, но досега сторителите не се откриени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ