ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ВЕДНАШ:НАЈБАРАНИОТ РЕЦЕПТ ЗА ПОСНО РАФАЕЛО

март 7, 2020

Рецептот е одлична замена за сите слатки мали задоволства од кои треба да се откажат практикувачите на постот.

Состојки:

  • 100гр бело посно чоколадо
  • 100гр печени мелени лешници
  • 100гр кокос
  • 200гр мелени бисквити
  • 250мл вода
  • пола кесичка пудинг од ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 100гр печени цели лешници
  • 100гр кокос
  • 100гр бело чоколадо
  • 3 лажици масло
    Се вари пудинг од ванила со водата и шеќерот. Откако ќе се згустне се додава 100гр бело чоколадо. Во сад се ставаат мелените лешници, кокосот, мелените бисквити и на крај се додава пудингот од ванила со чоколадото. Се меси мазна смеса и се остава малку да се излади. Се формираат топчиња и насредина на секое топче се става по еден лешник. Се прпелкаат во кокос. Се ставаат во фрижидер на 20 тина минути. Се топи чоколадото со 3 лажици масло. Секое топче се чоколадира и на решетка се става да се изладат.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ