Струмичанецот Васил Гарванлиев нашата публика го запознава на детскиот музички фестивал “Златно славејче” кога ја испеа песната “Марионка” која веднаш потоа стана мегахит и која остана да се слуша до ден-денес. Во меѓувреме, од некои 20 и повеќе години, се разбира дека популарниот Марионка израсна во големо момче, во вистински маж, а стана и светски познато оперско име, одличен баритон, живеејќи долги години во Торонто, Канада, од 1996 година. Тој по сите светски успеси, од неодамна е пак во родната Македонија, сакајќи овде да направи и кериера на поп пејач. “Вечер” го контактираше комуникативниот и љубезен Васил и еве што тој накусо вели за враќањето во Струмица:
-Искрен да бидам немав баш намера да се вратам, но сето ова испадна непланирано. Дојдов на забар и да си ставам нова тетоважа. Но, добро не беше само тоа причината, но ова ми се случи случајно….за неколку дена токму во Струмица да се сретнам со српскиот композитор Саша Драгиќ, преку една наша заедничка пријателка. И сфатив дека има многу потенцијали во соработката со Драгиќ. Јас и онака долго време барав песна. Музиката ми е се, иако имав многу пречки од некои луѓе ама не им давав на значење, одев само напред секогаш насмеан, вели Гарванлиев за “Вечер”.
Инаку, Васил е една постојано насмеана личност иако животот воопшто не беше кон него дарежлив. Сепак гледа секогаш да е со позитивна енергија и истата да им ја пренесува на луѓето во што често успева. Ужива во својата работа, а целта се уште ја нема постигнато.
– Се надевам дека наскоро ќе имам нова песна, која ќе ја надмине популарноста на “Марионка”. Верувам дека може нешто магично да се случи, да се грмне на прав начин, убеден е темпераментниот Васил.
Каде е и што прави пејачот на детскиот мегахит “Марионка”:Дојдов да ставам тетоважа, па останав во Струмица!
Фејсбук објава на РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ: https://www.facebook.com/roditelskifront/posts/pfbid0U5NMUQWcNMA6xczkaAfKwzfoCK8n8W9KUfg5547ZDWDedbH4hMdSgEedtFf5r332l КОИ СЕ ЛУЃЕТО ШТО ВО ИМЕ НА ЦЕЛА ДРЖАВА ОДЛУЧИЈА ПРЕСТИЖНА ДРЖАВНА НАГРАДА ДА…
Се вработува ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР за фирми во Швајцарија. ЗАДАЧИ Дизајн на креатива за социјални медиуми Дизајн на постери, флаери, банери…
Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода…
Се продава стан во зграда „Менхетен“ во населба „Карпош“, Струмица. Вкупна површина на станот е 105м2 на приземје! Станот содржи:…
„Император Фруит“ вработува ДИПЛОМИРАН АГРОНОМ, со завршено високо земјоделско образование за потребите на фирмата. Плата по договор! Сите заинтересирани за…
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во…