Perdormire
Култура

ИГОР Е СЛЕПО МОМЧЕ ОД СТРУМИЦА КОЕ БАРА РАБОТА КАКО МАСЕР – ДА МУ ПОМОГНЕМЕ ДА СИ ГО ИСПОЛНИ СОНОТ!

Во порака денес ни пристигна една необична порака од едно младо момче кое силно сака неговиот сон да му се исполни. Се работи за Игор Велков кој нуди масерски услуги и бара работа како масер. Тој е слепо лице и како што даде изјава за нашиот портал вели дека тој само го бара својот пат до целта. Игор има положено државен испит за масер. Упатува апел до сите приватни компании, јавни и приватни здравствени установи, хотели, салони за убавина, спортски здруженија, доколку може да му помогнат во делот со вработувањето.

Телефон за контакт:   071 424 404