И во Советот на општина Струмица со јасни дефениции што е маж, што жена!

Комисијата за еднакви можности вчера на комисиска седница едногласно усвои измени на Програмата за активностите во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2023 со која му се предлага на Советот да примени соодветна терминологија како што е применета во Законот за еднакви можности на мажите и жените.

За жал, сведоци сме дека термините што досега се користеа произволно и наивно, различно од терминологијата на законот, сега се менуваат и се изобличуваат во нешто што значат суштинска спротивност на сите залагања за рамноправност на жените и мажите како и воведување на нови заблуди за неброени и променливи родови кои присилно ќе се наменуваат на македонското општество.

По корекциите на стратегијата за млади, Советот на Општина Струмица на денешната седница ќе направи уште еден конзистентен чекор во борбата за заштита за правата на жените и еднаквите можности помеѓу мажите и жените.

Автор:

Датум:

мај 30, 2023

Категории:

Култура