ХОРОР ВО СТРУМИЧКО: Струмичанка се обидела да го убие сопругот со отров во кафето

јуни 29, 2019

Струмичанка се обидела да го убие сопругот со отров во кафетоОбјавено пред 1 час – 29 јуни, 2019Од Макфакс

Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против жена која е осомничена за обид за убиство.

Како што информираат од Обвинителството, таа на 7 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот суд Струмица му предложи да определи мерка притвор за осомничената. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ