Граѓаните реагираат: Такси возило нема ни за „жива глава“!

август 13, 2018

Во текот на летните месеци недостигот за некое такси возило повеќе низ градот секогаш доаѓал до израз. Но, годинава струмичани навистина се соочуват со проблем да најдат такси превоз.

До контакт тимот на Струмица Денес деновиве пристигнаа голем број поплаки од граѓани , според кои, проблемот е иритирачки и треба во најбрзо време такси компаниите да изнајдат начин за негово решавање.

„Проблемот е секојдневен и не се јавува само за време на викендите. Такси централите ги нема никаде после полноќ.“

Дел од струмичани коренот на проблемот го бараат во големиот број пристигнати „странци“ и сметаат по нивното заминување такси возилата повторно ќе прават долга редица пред Глобал. Но, се поставува и прашањето – дали е ферски односот кон постојаните клиенти?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ