Perdormire
Култура

Градоначалникот на Ново Село се враќа во притвор

Апелациониот суд во Штип ја прифати жалбата на ОЈО Струмица за укинувањето на мерката притвор за градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев и останатите осудени заради обид за пренесување непријавена стока и им изрече мерка притвор до правосилноста на пресудата.

Имено, на 25-ти овој месец Основниот суд во Струмица го осуди актуелниот градоначалник на Ново Село на казна затвор во траење од 18 месеци, а неговиот син и внук добија казни од по 12 месеци. Сопругата на градоначалникот доби условна казна од една година поради здравствени причини, а лицето кое требало да го набљудува теренот од полицијата е осудено на 10 месеци затвор.

По изрекувањето на пресудата судијата во Основниот суд во Струмица им ја укина мерката притвор, а по жалбата од ОЈО-Струмица сега Апелација одлучи на Стојчев и останатите да им изрече мерка притвор до правосилноста на пресудата, односно до 60 денови.

На 25-ти овој месец Основниот суд во Струмица им изрече затворски казни на градоначалникот на Ново Село и останатите, бидејќи полицијата ги фати кај месноста Попова Чука како пренесуваат цигари.

Засега нема информации дали одбраната и обвинителството поднеле жалби на висината на изречените казни.