strumica denes logo

Градоначалникот Јаневски ја отвори изложбата на дела од меѓународната ликовна колонија

Автор:

Датум:

септември 12, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 12, 2018

Категории:

Култура

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во изложбениот салон на центарот за култура „Антон Панов“, а во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Струмица, синоќа, беше отворена изложбата на дела создадени на 55-та меѓународна ликовна колонија. Оваа традиционална изложба за отворена ја прогласи градоначалникот, Коста Јаневски.

-На денот кога Струмица го одбележува Денот на своето ослободување, традиционално, како и секоја година, така и годинава, на показ ги имаме делата создадени на Меѓународната струмичка ликовна колонија. Има некаква симболичка поврзаност на овој денешен празник и ликовната уметност. Ако денес ја славиме слободата на нашиот град, тогаш овие ликовни дела се резултат на уметничката слобода, која е основен предуслов за создавање вистински творечки вредности. Во името на таквите вредности, 16 ликовни творци од Турција, Романија, Русија, Бугарија, Србија, Косово и Македонија, во првите десет августовски денови, под струмичкото небо, оставија свој творечки белег, во рамките на 55-та Меѓународна струмичка ликовна колонија. Трајно сведоштво за тој белег и творечки сензибилитет, се 45-те создадени дела, кои се дел од оваа наша вечерашна изложба. На тој начин, за исто толку дела, зголемена е импонзантната бројка од над 2200 дела, создадени на најстарата колонија во Македонија, во изминатите пет и пол децении. Од мое име сакам да им честитам на овие ликовни творци и да им се заблагодарам за збогатувањето на големата ликовна збирка на Струмица, но секако и на Центарот за култура „Антон Панов“, за успешната организација на колонијата. Различните светогледи, различните мотиви и различните ликовни дисциплини на уметниците, само докажуваат дека, колку и да сме исти, сепак сме различни. Во тоа е убавината на светот, во тоа е убавината на ликовното творештвото и неговите естетски особености. Ако се знае дека уметноста е продукт на нашата желба за убавината и вистината, но и од сознанието дека двете нешта не се истоветни, тогаш да ја побараме убавината во изложените дела, но и да ја замислиме вистината, таква каква што ја посакуваме, рече Јаневски.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На отворањето на изложбата на градоначалникот Јаневски му беше врачен портрет кој за време на одржувањето на ликовната колонија го изработи Радослав Ангелов Костов ликовен уметник од Бугарија.