Во градинката „Детска радост“, клон 2, започна да функционира целодневниот престој на децата на возраст од 6 до 10 години. Запишани се околу 50 деца – ученици во основните училишта „Сандо Масев“, „Видое Подгорец“ и „Никола Вапцаров“ и со нив работат двајца воспитувачи од одделенска настава. Децата кои сега се вклучени во целодневниот престој имаат и организиран превоз од училиштата во придружба на воспитувачите и добиваат ручек и ужинка. Со ова општина Струмица им помага на родителите кои поради работни или други обврски не се во можност да бидат со своите деца во домовите и да им помагаат при извршувањето на училишните обврски. Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, денеска, ги посети децата вклучени во целодневниот престој и при тоа потенцираше дека интересот за вклучување на децата во целодневен престој е голем и овој простор не ги задоволува целосно барањата на родителите, но општина Струмица и градинката „Детска радост“ ќе направат се овој проблем да се реши со цел што поголем број на деца да бидат вклучени во целодневниот престој.
Градоначалникот Јаневски ги посети децата вклучени во целодневниот престој во градинката „Детска радост“
Денес се празнува Преподобна Ефросинија
Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога.…
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
Денес утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите…
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ И ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО!
ЈПКД „Турија“, Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и…
На 05.10.2024 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица. Тој…
По долго и топло лето, не очекува најстудената зима во последните 10 години. Професорот на Географскиот факултет во Белград Александар…
СУБФЕРТИЛНОСТ И КАКО ДА ГИ ЗГОЛЕМИТЕ ШАНСИТЕ ЗА БРЕМЕНОСТ? НЕДЕЛНА РУБРИКА СО Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ!
Субфертилноста е честа причина за загриженост и анксиозност кај младите брачни парови. Термините инфертилитет и субфертилитет често се користат заедно…