За разлика од стандардното славење на роденден, струмичанецот Христијан Николов одлучи да направи нешто што досега никој не го направи во овој град.
„Kако човек што верува до доброто и инспириран од одредени луѓе, одлучив да направам две добри дела денеска. Првото нешто што го направив е тоа што донирав крв, а потоа веднаш истрчав до пошта и на сметката на Игор Геленчев кој е болен од тумор на мозокот донирав 4.000 денари. Воопшто не сакам да се фалам, само сакам да испратам апел до помладите дека ако јас можам на таков начин да си го одбележам роденденот може секој. Ајде сите заедно да го направиме светот подобро место за живеење“- изјави Христијан за нашиот портал.