(ФОТОГАЛЕРИЈА) СТРУМИЧКАТА АЛПИНИСТКА БИЛЈАНА СЕРАФИМОВСКА СЕ ОМАЖИ!

септември 25, 2018

Викендот свадбените ѕвона на Црквата Свети Кирил и Методиј ја објавија венчавката на струмичката алпинистка Билјана Серафимовска за Димитар Георгиев од Бугарија. Билјана струмичката јавност ја познава како национален спортски алпинист кој како најмлад спортист искачи повеќе врвови во Европа, Азија, Јужна Америка и Африка.

Димитар по професија е IT специјалист, и своето образование го има завршено на универзитетот Sheffield во Англија. Билјана и Димитар се сретнаа и своите животни патеки ги сврзаа токму на спортските патеки. Свадбената венчаница беше изработена од Христо Чучев, најпознатиот дизајнер во Бугарија за венчаници и украсена со swarovski кристали.

 

 

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ