Денеска делегација на Општински Комитет го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби на Меѓуопштински Центар за Социјални Работи. Претседателот Александар Донев, Претседателката на Унија на жени Тања Достинова Запорова заедно со членови и младите од УМС го споделија предновогодишното расположение со децата корисници на дневниот центар. Во рамките на посетата децата добија новогодишни пакетчиња. Општинскиот комитет годинава ја завршува со реализирани активности предвидени со програмата за работа.