bandr
Култура

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ОДЛИЧНА УЛИЧНА АТМОСФЕРА НА СИНОЌЕШНИОТ STREET SUMMER JAM СО ONE WAY DANCE STUDIO!

Одлична улична атмосфера на синоќешниот Street summer jam со One Way Dance Studio. Доне Киров, Тоти Николов, Игор Митев и Јана Мицева беа артистите кои го збогатија street art ќошето. Атмосферата кулминираше со битките во танцување за деца и јуниори. За крај, членовите на студиото One Way ја почестија публиката со свои групни кореографии на сцената кај СОУ „Јане Сандански“.