Во последните 30 години можевме да забележиме како Струмица од ден на ден се повеќе и повеќе се надоградува и се отвараат нови работи кои го прават нашиот град помодерен и поубав. Но, пред неколку денови Струмица по 30 години конечно доби кафеана за сите вкусови и табиети, Струмица доби градска кафеана во која ќе уживате во вкусните специјалитети, чорби, салати подготвени и сервирани од вештите раце на вработените. „СТАРИОТ ЏУМБУШЛИЈА“ е местото каде струмичани ќе може да уживаат секојдневно во иднина. Локацијата веќе ни е добро позната, „СТАРИОТ ЏУМБУШЛИЈА“ се наоѓа на местото на поранешно „Студио“ во близина на пазарот „Чешел“.
На самото отварање на „СТАРИОТ ЏУМБУШЛИЈА“ присуствуваа многу гости кои им посакаа многу успех и многу работа во иднина. Во продолжение погледнете ги фотографиите од самото отварање: