Како што најавивме и претходно, Струмица доби еден нов и поразличен од останатите берберски салони во градот кој го носи името – LUXE BARBER SHOP. Отварањето беше проследено со многу гости кои им посакаа многу работа и успех во иднина.
Даниел Ристич е основачот на оваа фирма, тој завршил академски курс во Белград-Србија и Лондон-Англија. Подолго време има работено во Србија, Австралија, Нов Зеланд и Англија. Учесник е на повеќе натпревари и семинари меѓу кои и WAHL, ANDIS и GREAT BRITISH BARBER BASH во Лондон. Ристич исто така во LUXE BARBER SHOP ќе одржува и курсеви за едукација за (SKIN FADE) и курсеви за почетници бербери.
Повеќе информации за курсевите може да добиете на luxebarbershoop@gmail.com. Освен Даниел како основач, дел од тимот на LUXE е и Бобан Петров кој исто така има долго годишно работно искуство во Струмица и Лондон. LUXE BARBER SHOP може да ги пронајдете на „Булевар Маршал Тито“ бр.170. Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од отварањето која ја подготви Васко Николов: