Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
Ги прошируваме превентивните мерки за заштита од корона вирусот. Мобилните тимови на општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ги затворија сите детски игралишта, спортски терени и летниковци во паркот и пред станбените објекти кои ги користат граѓани од сите возрасни групи.
Почитувани сограѓани, воздржете се од користење на овие површини и објекти, така ќе го заштитите вашето и здравјето на вашите најмили.