(ФОТО) ЗА ДА НЕ ГО ФРЛАТ, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД СТРУМИЧКО ДЕНЕСКА БОСТАНОТ ГО ДЕЛЕА БЕЗ ПАРИ НА НАРОДОТ!

јули 7, 2018

На бензинска пумпа во Струмица и Кавадарци бостанот се дели без пари само за да се фрли во реката.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски нема слух за проблемите на земјоделците кои веќе подолго време се жалат на ниската откупна цена. Цената падна под 3 денари, а тие велат дека откупната цена не ги покрива ниту основните трошоци.

Земјоделците во изминатиот период неколку пати протестираа и го фрлаа бостанот на улици за да извршат притисок до министерот за да им помогне, но засега ниту тој, ниту ресорното Министерство немаат слух за нивните проблеми.

Тие вчера го блокираа регионалните пат за Струмица кај клучката во близина на Смоларе. Земјоделците се жалат и на игнорантскиот однос на Владата и Министерството за земјоделство, кое не им помага во решавањето на проблемот со откупот.

-Претставуваат лажна слика, додека ние ќе го фрлиме бостанот бидејќи не се исплати да го даваме без пари. Имаме министер кој не знае ниту З од земјоделие, вели 45 годишниот Трајко Митрески производител на бостан од струмичко.

-Мораме да блокираме, маката не тера, мора да се сврти вниманието за нашиот проблем бидејќи владата не` игнорира, вели Трајко Терзиевски од Струмица.

Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски засега се на ставот дека нема посериозни проблеми со откупот на бостан и дека ја следат ситуацијата на дневна основа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ