(ФОТО) Апел до сите хумани луѓе: На струмичанецот Никола Новоселски му треба наша помош!

август 10, 2018

Никола Новоселски (32.) од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува.
Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува.

По краткото неуспешно лекување во клиниките низ Македонија, беше пуштен на домашно лекување во видно влошена здравствена состојба по што следуваше макотрпна секојдневна борба на неговите најблиски да му овозможат соодветна нега и лекување во домаши услови и на свој трошок.
Борбата трае четири години, но за да да се подобри состојбата во која се наоѓа неопходно е лекување во странство односно пресадување на матични клетки во клиниката Неуровита во Русија.

За жал, истото тоа лекување чини околу 7.500 евра, трошоци кои семејството не е во можност да ги покрие.
Затоа од се срце упатуваме апел до сите хумани луѓе, во рамките на нивните можности да донираат средства и да му помогнат на Никола да успее во својата борба и да бидат поттик на неговата храброст и истрајност.
Донациски број за донации од мрежата на Телеком: 070 143-303
Донациски број за донации од мрежата на ВИП: 143-475
Жиро с-ка: 210501677843484 НЛБ Тутунска Банка
Девизна с-ка: Mara Novoselska
Br. 103 Murtino
IBAN Code – МК07210501677843484
SWIFT – TUTNMK22

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: