Данче Манчевска (17) која е ученичка во СОУ „Јане Сандански“ е успешна и талентирана струмичанка која ужива во уметноста и тетовирањето. Првиот допир со уметноста го доживува од мали нозе, а професионално со тетовирање се занимава шест месеци кога отвори и свое студио насловено „999“.
Манчевска за Струмица Денес вели дека струмичани најмногу сакаат тетоважи кои означуваат важен и значаен период од нивниот живот, кој вооглавно ги мотивира.
„Трендот за тетовирање во Струмица од година на година се повеќе се зголемува и се’ повеќе е застапен кај помладите генерации“ – вели Данче.
Нејзиното студио „999“ се наоѓа на улицата „Ката Поцкова“ или поточно зад „Пиликатник“. Честитки и многу успех во иднина!