strumica denes logo

ФК Беласица и PFC Ludogorets 1945 постигнаа договор за соработка!

Автор:

Датум:

јуни 15, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јуни 15, 2018

Категории:

Култура

За нас, како клуб кој има високи амбиции и цели, овој договор е од големо значење, пред се поради тоа што ПФК Лудогорец е можеби и најдобро организираниот клуб на Балканот. 7 пати e шампион на Бугарија и 2 пати влегува во групна фаза во Лига на шампиони.
Едноставно ПФК Лудогорец е пример за успех.

Соработката ја договорија нашиот координатор на младинската школа Ацо Стојанов заедно со директорот на младинската школа на ПФК Лудогорец Јаков Папарков и координаторот Валентин Станчев. Оваа соработка најпрвин ќе започне помеѓу младинските школи. Нашите тренери од младинската школа ќе имаат можност да присуствуваат на различни професионални обуки во Разград, и да учат од искуствата на бугарскиот шампион.

Договорот за оваа соработка се случи минатата недела, кога нашите фудбалери до 14 години учествуваа на VIVACOM CUP, организиран од екипата на ПФК Лудогорец.