Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека дошле уште двајца луѓе во Клинички центар, а на еден од нив имало мали знаци на корона вирус помешан со други вируси.
„Пациентката нема знаци за некакви компликации. Кај сите кои биле во комбето и лушето со кои биле во контакт е препишана оваа соодветна изолација. Доброто е тоа што сите немале со голема маса на луѓе. Ќе видиме дали ќе продолжи домашната изолација. Добро е што тие не биле во контакт со широка маса на луѓе. Две лица дојдоа вчера во клиника, едно од нив е шофер и немал знаци на корона вирус, додека пак другото лице покажува мали знаци на корона вирус, но верувам дека тестот ќе биде негативен“, истакна Филипче.