Perdormire
Култура

„ЕУРОМАКС РЕСОУРСИС“ СО СООПШТЕНИЕ!

Рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство

16.06.2018, Струмица- Еурмакс ресоурсис одговорно тврди дека рудникот за бакар и злато во Иловица-Штука ќе се развива согласно највисоките стандарди за животната средина, согласно законите во република Македонија и највисоките меѓународни принципи. Преоктот се развива во соработка со сите релевантни институции во Република Македонија на локално и национално ниво и ќе донесе бенефит за локалната и националната економија.

Во изработката на студиите и сите потребни документи за развој на проектот работеа реномирани домашни и интернационални експерти кои со својата експертиза гарантираат за безбедност на проектот.

Нашите реномирани акционери меѓу кои и Европската банка за обнова и развој како најголем поединечен акционер бараат запазување на дополнителни критериуми за заштита на животната средина и над барањата на домашното законодавство.

Имајќи ја во предвид загриженоста на заедницата, одлучивме да не користиме цијанид во постапката, иако оваа постапка е целосно безбедна, а нема да се користи ни сулфурна киселина. Ќе користиме само процес на флотација, кој веќе се користи во Македонија и е целосно безбеден процес.

Како и досега ќе продолжиме да работиме на транспарентен начин со локалното население и со сите институции и организации и сите наши документи како и Студијата за заштита на животната средина се јавно достапни. Отпочнавме и дијалог со граѓанските здруженија се со цел да излеземе во пресрет за давање на сите потребни информации на заинтересираните групи за да можат да ги темелат сите ставови на факти и вистини.

Проектот за бакар и злато во Иловица се одвива од 2004 па се досега, а самиот временски период јасно укажува на темелен и организиран пристап и примена на одговорно рударство, кој се одвива на целосно транспарентен начин.