Perdormire
Култура

ЕКСКЛУЗИВНО: Аплицирањето за пасоши е запрено – во март ќе пристигнат 100.000 патни исправи!

Стопиран е системот за аплицирање на пасоши. Техничкиот министер за внатрешни вели дека останати се уште само 3.600 патни исправи. Околу 650 граѓани кои од претходно поднеле барање за вадење пасош по итна постапка ќе ги добијат, но 16.500 граѓани ќе мора да ја чекаат испораката бидејќи поднеле барање по редовна постапка.

-Тука предност ќе имаат и приоритет ќе имаат сите оние случаи каде што е неопходно издавање на патна исправа за здравствени случаи, од медицински причини, рече Наќе Чулев.

Граѓаните не знаат кога ќе добијат патните исправи.

Согласно договорот, германската компанија Веритас на 24 март треба да испорача 100.000 обрасци.

-Имаме ветувања од Веритас дека тој рок може да се скрати од 10 дена до две недели. Меѓутоа, го немаме на писмено. Моја проценка е дека Веритас прави напори во обезбедувања на материјали, бидејќи станува збор за специфични материјали за запазување на сите безбедносни карактеристики на патната исправа, рече Чулев.

Чулев вели дека во саботата контактирал и со германската Амбасада, а побарал од Владата да изнајде модус или методологија за надминување на состојбата. Но, како што рече, таа немала разбирање и предметот го вратила во ингеренции на МВР.

Даниел Василев