ЅИРНЕТЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА КЛУБ ИНДУСТРИАЛ: КОЈ СТОИ ЗАД НАЈДОБРИТЕ ЗАБАВИ ВО ГРАДОТ?

јули 14, 2019


Брендот #Industrial во 2016 го отвори првиот кафе бар во Струмица како #ClubIndustrial. Клубот несомнено  прерасна во огромен и луксузен објект наречен #SummerClubIndustrial. Не можеше и поинаку да се очекува, кога основач на клубот е Александар Фифка, познат по ноќниот живот и огромниот број на забави кои ги има организирано во Струмица. Тоа име секогаш ќе се поврзува со донесувањето огромен број на како на наши, така и странски изведувачи, артисти и бендови.

Оваа година на 12 јуни тимот на клуб Индустриал го отвори најголемиот летен проект наречен #SummerClubIndustrial – летна дискотека во која се нижат најголемите балкански и светски хитови. Наскоро во организацијата на Фифка му се приклучи и неговиот брат Цветан Трајков, така што под полна пареа се работи на идејата да се создаде место каде младите па и постарите ќе можат да уживат во разновидната програма ова лето.

Летната дискотека е направена од мермер, гранит, железо, бетон и дрво и во неа несомнено се вложи многу. Располага со 4 добро опремени шанкови, огромна сцена за сите изведувачи, чисти и модерни тоалети,  посебна просторија за персонал, комплетно опремена просторија за изведувачи и артисти ,,BackStage”.

Клубот располага и со ,,VIP” дел кој е на спрат и има поглед буквално на целиот објект и сцената, а персоналот е секогаш насмеан и услужлив – нарачаното пристига точно на време! Објектот е обезбеден од страна на приватно обезбедување, така што секој еден посетител би се чувстувал сигурно и удобно, без разлика на раса, вера и местото од кадешто дошол.

Сопствениците на овој проект ви ветуваат добро и долго лето исполнето со секаква програма, разновидни артисти и изведувачи до раните утрински часови!!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ