Дводневен научен собир во Струмица – Христофoр Жефарович и неговото време!

декември 4, 2019

Во Струмица деновиве ќе се одржи необичен научен собир од областа на историјата. Организатор на сето тоа е НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица! Научниот собир ќе трае од утре до четврток. Во продолжение погледнете ја целосната програма!

ПРОГРАМА

Четврток, 5.12.2019

12.00 ч. – 14.00 ч.

Пристигнување и сместување на учесниците – хотел “Сириус”

14.00 ч. – 15.00 ч.

Свечено отворање и промоција – Зборник на трудови: Култот за св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици во средновековната и во поновата епоха – историја, култура и традиција (материјали од првиот научен собир во чест на св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици, одржан во Струмица, од 7 до 9 декември 2018 година, во организација на НУ Завод и музеј-Струмица); промотор проф. д-р Александар Атанасовски, Филозофски факултет-Институт за историја, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

15.00 ч.-16.00 ч.

Коктел.

ПРВА СЕСИЈА

16.00 – 17.00 часот, модератори: Ванчо Ѓоргиев и Митко Б. Панов

Ѓорги Поп-Атанасов, (МАНУ-Скопје)

Повеста за паѓањето на Скопје под Турците од времето на Христофор Жефарович.

Вера Стојческа-Антиќ, (Филолошки факултет “Блаже Конески”, Скопје)

Христофор Жефаровиќ и балканската панорама.

Ванчо Ѓоргиев и Војислав Саракински (Филозофски факултет – Институт за историја, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје),

Христофор Жефаровиќ – ангажираност на минатото во функција на националните идеологии.

Митко Б. Панов (Институт за национална историја, Скопје), Средновековни историски мотиви во Стематографијата на Жефарович: политичко-црковни контексти.

Дискусија

Пауза 17.15 – 17.30ч.

ПРВА СЕСИЈА (продолжува)

17.30-18.30 часот, модератори: Билјана Ристовска-Јосифовска и Васил Ѓоргиев-Ликин
Стефан Влахов-Мицов (Институт за национална историја, Скопје), Христофор Жефарович и плановите за поделба на Балканот од Големите сили во XVIII век.

Билјана Ристовска-Јосифовска (Институт за национална историја, Скопје), Делото на Христофор Жефарович во културата и традицијата: одраз и интеракција.

Васил Ѓоргиев-Ликин (НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица), Христофор Жефарович како хуманист и просветител (обид за историски портрет).

Александар Трајановски (Институт за национална историја, Скопје), Милостива грамота до рускиот цар Михаил Теодорович од полјанинскиот епископ Теон за собирање милостина во Русија, во 1629 година.

Дискусија

Петок, 6.12.2018

9.30-10.00 часот, Промоција – Знаме на Словенското кнежество на св. Методиј (обид за реконструкција); промотор: д-р Јован Јоновски, Македонско грбословно друштво-Скопје.

ВТОРА СЕСИЈА

10.00 – 11.30 часот, модератори: Сашо Цветковски и Снежана Филипова

Сашо Цветковски, (Истражувачки центар за културно наследство “Цветан Грозданов”, МАНУ, Скопје), Графичките (хартиени) икони во уметноста од доцниот среден век во Македонија.

Снежана Филипова (Филозофски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје), Земниот грб на Македонија во Стематографиите на Жефаровиќ и Витезовиќ. Можно толкување на промените.

Јован Јоновски (Македонско грбословно друштво-Скопје), Хералдиката на Жефарович.

Виктор Недески (Православен Богословски факултет “Св. Климент Охридски”, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје), Прилог кон идентификување на свети Давид цар и свети Теоктист од бакрорезите на Христофор Жефарович.

Иван Нацевски (Македонско грбословно друштво-Скопје), Инверзијата на македонскиот земски грб во Стематографиите на Жефарович и Витезовиќ. Можни причини и влијанија.

Мимоза Христоска (НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Прилеп), Преглед на репрезентативните графички листови од фондот на НУ Завод и музеј-Прилеп.

Дискусија

Пауза 11.45 – 12.00

ВТОРА СЕСИЈА (продолжува)

12.00 – 13.15 часот, модератори: Стефан Влахов-Мицов и Јован Јоновски

Александар Трајановски (Институт за национална историја, Скопје), Македонското хералдичко лавче на Жефарович на знамето на Разловечкото востание и Илинденското знаме од село Загоричани.

Драган Георгиев и Мирјана Нинчовска (Музеј на Македонија, Скопје), Хералдиката во музеј на Македонија.

Бранко Ѓоргиев (НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица), Монети од времето на Христофор Жефарович.

Душко Цветанов (НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица), Дојран – Полин во средновековниот и во отоманскиот период.

Јасмина Пијанманова (НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица), Елементарните симболи за означување на локалниот културен идентитет на град Дојран.

Дискусија

Затворање на научниот собир

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ