Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче пред малку, четири патници и возачот на комбето во кое е заразената од Корона вирусот се од Струмица. Ќе биде направена анкета, за да се види дали имаат некакви симптоми.
Овие лица ќе бидат во домашна изолација 14 дена.
„Врз основа со колку луѓе контактирале, ќе се утврди дали ќе продолжи изолацијата или ќе бидат префрлени во одделенијата за надзор“, вели Филипче.
Утре ќе има нови информации на оваа тема.