Димитар Џорлев од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица – државен првак во математика!

мај 9, 2018

Во Скопје во просториите на Машински факултет и Факултетот за електротехника и информатички технологии во организација на Сојузот на математичарите на Република Македонија се одржа 43-тиот државен натпревар по математика за основно образование на кој ученикот Димитар Џорлев (14 години) од ООУ Видое Подгорец” – Струмица ученик во 9-то одделение, под менторство на наставничката по математика Натка Гарванлиева го освои највисокото прво место. Тоа е уште еден голем успех на Димитар Џорлев кој во оваа учебна година учествуваше на голем број натпревари по математика како домашни така и меѓународни на кои ги освои највисоките места во своја, но и во категорија за средно образование.
На истиот натпревар зедоа учество и учениците од 9 одделение, Раде Перовановиќ кој освои пофалница и Димитар Трајков. Од 8 одделение ученикот Илија Боневски под менторство на Васка Едровска доби пофалница и се здоби со право за учество на јуниорската македонска математичка олимпијада.
На овој 43-ти државен натпревар по математика, уште еден ученик од Струмица ја освои првата награда. По освоените 100 бода на општинскиот натпревар и прва награда и на регионално ниво, Трајче Манчевски ученик во 7 одделение во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ под менторство на наставничката Весна Пецева освои прва награда во областа на математиката.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ