Дали знаевте дека…?

октомври 7, 2018

Ако сте сопственик на домашно милениче се разбира дека знаете многу за неговите карактеристики, особини и потреби. Меѓутоа, вистинските љубители на животните сепак мораат да го шират знаењето, па затоа ви откриваме неколку интересни, а често непознати факти за животинчињата.

Опуштете се и тргнете во авантурата наречена „Дали знаевте дека…“

– Жирафите немаат гласни жици.

– Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.

– Крвта на јастогот е безбојна, а во допир со кислород станува сина.

– Мачките имаат 32 мускули на ушите.

– Мечката има 42 заби.

– Афричкиот сив папагал може да развие вокабулар од преку 200 зборови.

– Млекото од камилите не може да се претвори во млечни производи.

– Кравата е можно да се води покрај скалила, но не и по нив.

– Жабите не пијат вода, тие ја впиваат преку кожата. Исто така, додека нешто голтаат, не може да ги држат очите отворени.

– Кога ќе се родат, далматинците се секогаш бели.

– Срцето на птицата колибра чука повеќе од 1.000 пати во минута.

– Крокодилите не можат да го помрднат својот јазик.

– Нилските коњи во Африка убиле повеќе луѓе отколку било кое друго животно.

– Слонот ги користи ушите за да ја регулира сопствената температура на телото.

– Кога излегуваат од пештерите, лилјаците секогаш вртат лево.

– Свињите не можат да погледнат кон небото.

– Единствено животно кое преде е мачката.

– Слоновите спијат само 4 до 5 часа дневно, коалите дури 18, додека мачките преспиваат 66 проценти од својот живот.

– Поголема е веројатноста од смрт при удар со тапа од шампањ, отколку од убод од отровен пајак.

– Кучињата од помала раса живеат подолго од поголемите раси.

– Поголема е шансата да ви падне кокос на глава, отколку да ве нападне крокодил.

– Просечната кокошка снесува 228 јајца годишно.

– Повеќе луѓе умреле од убод од пчела, отколку од змија.

– Мачките го мразат мирисот на лимон.

– Во светот, во просек има 1 човек на 200 милиони инсекти.

– Игуаната може да издржи под вода 28 минути.

– Животниот век на домашните муви изнесува 10 до 25 дена.

– Максималната брзина на пливањето на делфините изнесува 60 километри на час.

– Африканските слонови имаат само 4 заби.

– Урината на мачките свети на ултравиолетово светло.

– Ајкулите се имуни на сите познати болести.

– За изработка на 1 пар кожни чевли потребна е кожа на 1 алигатор, додека за изработка на чизми потребни се дури 3.

– Една милијарда полжави се послужуваат секоја година во рестораните.

– Новороденчињата од еден вид елени ги собира во човечка рака на возрасен човек.

– Болвата може да скокне 350 пати поголема должина од должината на нејзиното тело.

– Мачките со сини очи во главно се глуви.

– Коњите спијат стоечки.

– Полжавот може да спие 3 години.

– Птиците јадат дупло повеќе храна од тежината на нивното тело.

– Делфинот под вода слуша звуци кои допираат раздалеченост од 24 километри.

– Коските на гулабите се полесни од нивните пердуви.

– Жирафите имаат највисок крвен притисок од целото животинско царство.

– Шарите на носот на секое кутре се различни, исто како и отисоците на прстите кај луѓето.

– Киви птиците се слепи.

– Тарантулата може да преживее 2 години, а да не изеде ама баш ништо.

– Луѓето и полжавите имаат 70 проценти иста ДНК.

– Кравите од различни региони имаат различно акцентирано „Мууу“.

– Женките коали имаат два полови органи.

– Жирафите во вратот имаат ист број на коски колку човекот во целото тело.

Сега се чувствувате барем малку попаметни?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ