Во пресрет на претстојните пости, Струмица Денес ви дава идеја за вкусен и посен десерт – крушички. Рецептот е стар повеке од 30 години. Состојки:
- 150гр посни мелени бисквити
- 100гр мелени ореви
- 2 лажици какао
- 100гр шеќер во прав
- 125гр маргарин
- за украсување (по желба) – 100гр чоколадо и 3 лажици масло
Се месат сите состојки да се добие убава мазна смеса и се формираат крувчиња, се ставаат малку во замрзувач, па над секое крувче им се става по малку стопено чоколадо.Одозгора можат да се стават зелени свежи ливчиња – изгледаат многу декоративно.