Персоналот на оддел за инфективни болести на клиничка болница Штип е ставен во карантин: двајцата инфектолози, четири медицински сестри и осумина болничари имале контакт со позитивен пациент. В
о меѓувреме инфектологот специјалист Катица Марангозова од струмичката општа болница ќе биде ангажирана во штипската клиничка болница.
На својата ФБ страница Д-р Катица Марангозова вечерва ги извести пријателите и пациентите за новата работни задача во Штип – на првата борбена линија со Ковид 19.
Инаку, Доктор Марангозова е искусен професионалец од струмичкото здравство, член на светската асоцијација на инфектолози.