strumica denes logo

Боро Стојчев разрешен од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ

Автор:

Датум:

јули 16, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 16, 2018

Категории:

Култура

СДСМ информира дека градоначалникот на Oпштина Ново Село, Боро Стојчев, е разрешен од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ. Одлуката е донесена откако Стојчев беше уапсен поради шверц на цигари.

„Законот важи за сите граѓани на Република Македонија и секое негово непочитување  подлежи на законски санкции. Почитувањето на законите и одговорна работа, исклучиво во интерес на граѓаните, се врвни заложби на СДСМ и вредности на партијата кои мора да се почитуваат од сите нејзини функционери. Во СДСМ нема место за злоупотреби. Оние коишто не ги почитуваат вредностите и постапуваат спротивно од начелата на партијата нема дилеми, не може да бидат носители на функции. Отуука, ја информираме јавноста дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно статутарните одредби на партијата го разреши Боро Стојчев  од функција претседател на општинската организација на СДСМ од Ново Село“ – велат од партијата.

Додаваат дека на негово место, за претседател на општинска организација на СДСМ на Ново Село, именуван е Игор Пертемов.