БОЈАН ВЕЛЕВСКИ СО НОВ ТРЕНД ВО МАКЕДОНИЈА – СТЕНД-АП НА СВАДБА!

јуни 14, 2021

Мерките попуштија, свадбите после една ипол година се враќаат во рестораните. Во изминатите неколку години модерните свадби земаат замав, а се очекува во наредниот период тој тренд забрзано да се расте. Секој сака нешто различно, нешто поинакво од останатите, нешто по кое ќе му ја паметат свадбената веселба.

Најновиот тренд кој што го имаме кај нас, а го нема дури ни во нашето соседство е стенд-ап на свадба. Тој тренд кај нас го носи најактуелниот стенд-ап комичар изминатава година во Македонија – Бојан Велевски.

Тој неодамна сподели видео од еден настап на свадба каде што може да се слушне како гостите се забавуваат на шегите кои тој ги прави на сопствена сметка во однос на бракот, брачниот живот, односот со сопругата, а воедно го подучува и младоженецот што го чека “од утре па натаму”. На сето тоа гостите слатко се смеат и уживаат.

Со оглед на целата ситуација во која сме повеќе од година ипол, вакво нешто е вистинско освежување не само за свадбената веселба, туку и општо за сите. Добар хумор во вакви времиња никогаш не е доволно.

Во продолжение видеото од стенд-ап на свадба од Бојан Велевски – кликни ОВДЕ!

 

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ