strumica denes logo

БЕЗ ВЕНЧАНИЦА НЕМА ПОРОДУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА? ДИРЕКТОРОТ НА СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА ВЕЛИ НЕКОЈА СЕСТРА ГО НАПИШАЛА

Автор:

Датум:

август 6, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 6, 2018

Категории:

Култура

На влезот во акушерското одделение во Општата болница во Струмица истакнато е известување на кое пишува дека пациентките кои доаѓаат таму да се породат, со себе задолжително мора да понесат со себе Извод од матичната книга на венчаните.

Фотографија од ова известување деновиве се споделува по социјалните мрежи и предизвика реакции кај граѓаните. Дали немажените струмичанки ќе може да се породат овде или ќе треба да бараат друга болница?

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, кој вели дека известувањето дека родилките мора задолжително да понесат извод од венчаните е утрово отстрането.

Според него, известувањето за кое имаше бурни реакции на социјалните мрежи и беше протолкувано како дискриминирачко го ставил некој од вработените веројатно без да размисли убаво за содржината.